Таравари во „братска и соработлива атмосфера“ му честитал на Бегај за почнувањето на преговорите за ЕУ

Макфакс

20/11/2024

18:19

473

Големина на фонт

а а а

Делегација од Алијансата за Албанците, предводена од претседателот Арбен Таравари, кој истовремено ја извршува функцијата министер за здравство, и заменик-премиерот Арбен Фетаи, кој е и секретар за меѓународни односи во АА, оствари посета на Албанија.

За време на посетата, делегацијата имаше средба со претседателот на Република Албанија, Бајрам Бегај.

„Денес, заедно со заменик-премиерот Арбен Фетаи и делегација од АА, имав задоволство да се сретнам со претседателот на Република Албанија, Н.Е. Бајрам Бегај, во братска и соработлива атмосфера.

Му честитавме на претседателот за отворањето на преговорите на Албанија за членство во ЕУ и ја изразивме нашата желба нашите патишта што побрзо да се обединат во овој витален процес за нашите земји и народи.“

Исто така, беше соопштено дека за време на средбата се дискутирало за важноста на зајакнувањето на билатералната и регионалната соработка, особено во областите од заеднички интерес.

„Во фокусот беше инфраструктурата и што поскорешното завршување на Коридорот VIII, како значаен чекор кон заедничката безбедност, одржливиот развој и европската интеграција.“