НБА лигата не донесе пребогата програма рано утрово, но сепак имаше доволно натпревари за да има голема возбуда меѓу фановите на кошарката.
Денвер после два порази покажа дека знае да победува и без Никола Јокиќ, а триумфот над Мемфис ќе остане во сеќавање поради историскиот потфат на Расел Вестбрук.
Играчот на Нагетси го заврши мечот со 12 поени, 10 скокови и 14 асистенции, што за него беше јубилеен 200-ти трипл-дабл во кариерата.
Вестбрук стана првиот играч во историјата на НБА лигата кој стигнал до границата од 200 трипл-дабли, откако веќе пред некое време го надмина историскиот рекорд на Оскар Робертсон.
Инаку, Денвер победи на гостувањето со резултат 110:122, а најефикасен во победничкиот тим беше Џамал Мареј со 27 поени.
Од другите средби, за издвојување е победата на шампионот Бостон, кој на домашен терен најде лек за досега непобедливиот тим од стартот на сезоната.
Кливленд застана на 15 победи во низа и конечно беше победен од еден тим, а тоа им успеа на Селтикси кои славеа со 120:117 во „Ти-Ди Гарден“. Тејтум со 33 поени беше најдобар во победничкиот табор, додека Мичел уфрли два поени повеќе на спротивната страна.
Лос Анџелес Лејкерс стигна до шестата победа во низа и покажа дека е во импресивна форма и против Јута Џез, славејќи на домашен терен со 124:118.
Далас исто така запиша победа на домашен терен и го преслуша Њу Орлеанс со 132:91, Бруклин беше подобар од Шарлот со 116:115, а Сан Антонио од Оклахома со 110:104.
Russell Westbrook is the first player in NBA history with 200 triple doubles 👏
— Ballislife.com (@Ballislife) November 20, 2024
10 PTS | 14 AST | 10 REB pic.twitter.com/4P5JUEsCaW
History made pic.twitter.com/0BUWc5k53F
— Denver Nuggets (@nuggets) November 20, 2024