Ливерпул е најдобрата екипа во Европа во тековнава сезона и тоа го потврдува не само во Премиер лигата туку и во Лигата на шампионите.
„Црвените“ во најважните натпреварувања се на првите позиции, во ПЛ е на плус шест во однос на второпласираниот Арсенал, додека во ЛШ се перфектни со „седум од седум“, имаат обезбедно билет за осминафиналето и потребен им е само бод во дуелот со ПСВ да го обезбедат првото место по првата фаза.
Ова се резултати кои реално никој не ги очекуваше во таборот на Ливерпул и неговите навивачи по заминувањето на Јирген Клоп, но неговиот наследник Арсе Слот дојде до комбинација која е добитна, но и за која според него е заслужен и претходникот.
- Начинот на кој работам размислувам е како можам да го внесам мојот стил на игра што е можно поскоро со овој тим. Причината поради која клубот заврши со мене е поради многуте карактеристики што ги споделувам со Јирген Клоп, некои карактеристики исто така-тоа е првиот фокус. Како група, среќен сум што сум на позицијата на која се наоѓаме. Благодарение на новиот формат на Лигата на шампионите, не е важно дали ќе победиме или загубиме против ПСВ, - истакна Слот.