Објавена новата книга на Клинтон - „Граѓанин: Мојот живот по Белата куќа“, Бил вели: „Филантропијата ми овозможи да правам промени во светот“

Точка

19/11/2024

20:39

324

Големина на фонт

а а а

Поранешниот американски претседател Бил Клинтон се пошегува во неговата книга, која е објавена денес, дека се чувствувал изгубено кога прв пат се вратил на приватниот живот во 2001 година по двата претседателски мандати, бидејќи луѓето повеќе не го поздравувале кога ќе се појавел, но и истакна дека филантропијата му овозможила да продолжи да прави промени.

Во новата книга „Граѓанин: Мојот живот по Белата куќа“, Клинтон вели дека филантропијата му овозможила да продолжи да прави промени во светот за да им помага на другите.


„Добро се забавував работејќи. Исто така сум задоволен што постојат толку многу луѓе, кои доколку им понудите рационален аргумент нешто да направите заедно, ќе се согласат со тоа, иако тоа можеби не е во нивен непосреден финансиски интерес“, изјави Клинтон во телефонско интервју за „AP“.


Во книгата, поранешниот американски претседател пишува за успесите на Фондацијата Клинтон и нејзините многубројни кампањи, вклучувајќи ја и глобалната иницијатива на Клинтон, која секоја година ги собира политичките, деловните и филантропските лидери во Њујорк во текот на неделата на Генералното собрание на Обединетите нации.


Тој, исто така, ги раскажува своите искуства од претседателските кампањи на неговата сопруга, поранешната државна секретарка Хилари Клинтон во 2008 и 2016 година, неговата улога во ослободувањето на двајца новинари од Северна Кореја во 2009 година и неговиот одговор на нападот врз Капитол на 6 јануари 2021 година.


Поранешниот претседател Клинтон, во книгата, исто така пишува и за некои од контроверзите со кои се соочиле тој и неговата сопруга Хилари во изминатите две децении, вклучително и неговите средби со сексуалниот предатор Џефри Епштајн, со кој како што кажа разговарал за фондацијата.

„Посакувам никогаш да не го сретнав“, пишува Клинтон.



Спонзорирани линкови

Маркетинг