Следните два месеци ќе бидат најопасните во последните децении! Алармантното предупредување од Унгарија предизвикува страв!

Точка

19/11/2024

21:24

2.455

Големина на фонт

а а а

Тој предупреди дека распоредувањето на американско оружје длабоко во руската територија може да доведе до избувнување на светска војна.

Унгарскиот министер за надворешни работи Петер Сијарто изјави дека следните два месеци ќе бидат најопасните во последните децении.

Тој на Фејсбук напиша дека актуелниот претседател на САД, Џозеф Бајден, „кој е сменет од власт, а чии способности многумина ги доведуваат во прашање“, може да носи одлуки кои можат да имаат катастрофални последици за светот, пренесе "MTI".

Az elmúlt évtizedek legveszélyesebb két hónapja áll előttünk.


Az Egyesült Államokban a - hatalomból kiszavazott -...

Posted by Szijjártó Péter on Monday 18 November 2024

Сијарто додаде дека изборот на новоизбраниот претседател Доналд Трамп и даде шанса на Европа да го врати мирот на континентот, но дека има многу провоени политичари од двете страни на океанот кои се противат.

Тој предупреди дека распоредувањето на американско оружје длабоко во руската територија може да доведе до избувнување на светска војна.


Светските медиуми, вклучително "Reuters" и „New York Times“, во неделата објавија дека администрацијата на американскиот претседател во заминување Џозеф Бајден ја овластила Украина да користи крстаречки ракети со долг дострел "ATACMS" за напади длабоко во руска територија.

САД сè уште не ја потврдија оваа информација.




Спонзорирани линкови

Маркетинг