Се нагласува дека наградата не е наменета за „женски автомобил“, бидејќи таков концепт не постои, туку за автомобил што им одговара на сите.
Меѓународното жири составено од 81 автомобилска новинарка ја објави проширената листа на номинирани автомобили кои ќе се натпреваруваат за престижната титула Женски автомобил на годината за 2025 година (WWCOTY).
Моментално во игра се дури 80 модели, а победниците во категоријата ќе бидат објавени на 8 јануари. Конечниот победник ќе биде објавен на 6 март, два дена пред Меѓународниот ден на жената, кога целосно женско жири ќе го избере најдобриот автомобил.
„Гласањето оваа година се одвива во контекст на глобалната експанзија на кинеските брендови кои сега се присутни на сите континенти. Конкуренцијата е жестока, што ја прави нашата задача уште повозбудлива“, вели Марта Гарсија, извршен претседател на „WWCOTY“.
Целта на наградата е да се оддаде признание за најдобрите автомобили на годината и да се даде глас на жените во автомобилската индустрија.
Критериумите за гласање се засноваат на фактори кои возачите ги земаат во предвид при купување на автомобил, како што се безбедноста, квалитетот, цената, дизајнот, леснотијата на возење и влијанието врз животната средина.
Од организацијата истакнуваат дека наградата не е наменета за „женски автомобил“, бидејќи таков концепт не постои, туку за автомобил кој одговара на сите.
Минатогодишниот севкупен победник беше „Kia EV9“.
Следниве модели се во конкуренција за овогодинешната награда:
A
Aion Hyper HT
Alfa Romeo Junior
Alpine A290
Aston Martin Vanquish
Audi A5
Audi A6 e-tron
B
BAIC EU5
Bentley Continental GT
Bentley Flying Spur
BMW Series 1
BMW X2
BMW X3
Bugatti Mistral
BYD Sea Lion 7
BYD Seal U
BYD Shark
C
Chery iCar 03
Chevrolet Equinox
Chevrolet Silverado EV
Chevrolet Traverse
Citroën C3
Citroën C3 Aircross
Cupra Tavascan
Cupra Terramar
D
Dacia Duster
DFSK 600/E5
DFSK Fengon 5
Dongfeng Mage
Dongfeng Nammi 01/Box
Dongfeng Voyah Passion
F
Ferrari 12 Cilindri
Ford Capri
Ford Explorer
G
Geely Starray
GMC Acadia
H
Honda Prologue
Hongqi EH7
Hongqi EHS7
Hyundai Inster
Hyundai Santa Fe
K
Infiniti QX80
JAC Hunter T9
Kaiyi X7
Kia EV3
Kia K3
Kia K4
L
Lamborghini Temerario
Leapmotor C10
Lotus Emeya
M
Mazda CX-70
Mazda CX-80
MG Cyberster
MG HS/EHS
Mini Aceman
Mini Cooper
Mini Countryman
O
Opel Grandland
P
Peugeot E-5008/5008
Polestar 3
Polestar 4
Porsche Macan
Porsche Panamera
R
Radar Riddara RD6
Renault 5
Renault Rafale
Renault Scénic
Renault Symbioz
S
Seres 5
Skywell BE11
Smart #3
Subaru Forester
Suzuki Swift
Škoda Kodiaq
Škoda Superb
T
Toyota Camry
Toyota Crown Signia
Toyota Land Cruiser
V
Volkswagen Passat
Volkswagen Tiguan
Volvo EX90
Изборот сигурно ќе го привлече вниманието на љубителите на автомобили, бидејќи вклучува различни модели, од луксузни седани до кинески електрични возила со поволни цени.