Украина доби оружје во вредност од над 100 милијарди американски долари: Најнови објавени податоци покажуваат дека САД учествува со повеќе од половина од пакетите за воена помош

Точка

18/11/2024

19:16

1.188

Големина на фонт

а а а

До јуни 2024 година, Украина доби оружје и воена опрема од Западни сојузници во вредност од над 100 милијарди американски долари.

Западните сојузници на Украина, од почетокот на војната со Русија до крајот на јуни годинава, испорачаа оружје и воена опрема на вредност над 100 милијарди американски долари, соопшти Институтот за светска економија.

Повеќе од половина од таа сума, односно 55,5 милијарди долари, на Украина ѝ обезбедија Соединетите Американски Држави, по што следат Германија со 11 милијарди и Обединетото Кралство со 9,6 милијарди долари, пренесува Би-Би-Си.


Воена помош е испратена и од Данска со износ од 4,7 милијарди, Шведска со 4,2, Франција со 3,3, Полска со 3,2, Финска со 2,4 и Канада со 2,2 милијарди долари.

Украина доби авионска техника, тенкови, беспилотни летала, ракети, противвоздушни системи, како и муниција.


Дополнително, Украинците се снабдени и со ракети со долг дострел, како што се ATACMS од САД и „Storm Shadow“ од Велика Британија, но не добија дозвола да ги користат за напади врз руска територија.




Спонзорирани линкови

Маркетинг