[ВИДЕО/ФОТО] Стана милионерка работејќи ја работата која никој не ја сака: Започнала пред четири години, а денес ги брои милионите

Точка

16/11/2024

20:34

2.073

Големина на фонт

а а а

Аури Кананен, која има 30 години, откри како станала милионерка. Како што вели, сè започнало пред четири години кога почнала да се занимава со работата која никој не ја прифаќал. Тогаш тоа ѝ бил дополнителен извор на приход, а денес ужива во големата сума на пари на нејзината банкарска сметка.

Сè започнало во 2020 година кога Аури почнала бесплатно да чисти станови, додека во текот на неделата работела како надзорник на хигиеничарите. Откако објавила неколку снимки на социјалните мрежи на кои себеси се прикажувала додека работи и со своите следбеници споделувала совети за чистење, успеала да привлече спонзори и започнала да заработува од рекламите.


Аури, која почнала да се занимава со чистење уште во средно училиште на само 16 години, денес има над 10 милиони следбеници на ТикТок, а само од нејзиниот Јутјуб канал заработува неверојатни 500.000 евра.


„Чистењето е забавно, тоа е најдоброто нешто на светот. Го обожувам. Се чувствувам исполнето. Среќна сум и многу опуштена, се сеќавам колку бев возбудена кога имав 100.000 следбеници, но бројката од 10 милиони е луда – тоа е исто како да имам своја екипа за чистење, многу сум благодарна“, вели Аури.


Како што вели, идејата за објавување снимки од работата на социјалните мрежи се појавила за време на ковид 19 пандемијата во јуни 2020 година.


„Знаев дека луѓето ќе бидат затворени во домовите и сакав да им покажам дека чистењето може да биде едноставно“.

Иако многу од работите кои таа ги чисти се исклучително валкани, тоа не е проблем за професионалните хигиеничари.



Инаку не само што Аури мора да брише валкани подови, туку и да трие фрижидери полни со мувлосана храна и стаорци.


„Најекстремното нешто беше бањата која не беше исчистена шест години. Сè беше црно поради мувлата, подот беше прекриен со ѓубре и шишиња со урина и фекалии, а јас го нареков тоа мојот „валкан предизвик“, раскажа Аури.



Спонзорирани линкови

Маркетинг