[ВИДЕО] „Навалица“ за тенџериња и тави: Купувачите во редици чекале и по четири часа

Точка

13/11/2024

14:39

5.716

Големина на фонт

а а а

Полицијата во Хемпшир била принудена да интервенира откако стотина луѓе ненајавено формирале редица за купување на кујнски прибор од француски бренд, а некои од купувачите во редицата стоеле и по четири часа, додека нивните автомобили создавале метеж на улицата.

Во индустриската населба Андовер во Хемпшир, Англија се создаде километарска редица поради распродажбата на кујнскиот прибор на францускиот бренд „Le Creuseta“, поради што полицијата била принудена да интервенира, пренесува „The Telegraph“.


Кујнскиот прибор „Le Creuset“ познат е по високите цени, па така не зачудува фактот што стотина луѓе побрзале да купат некои од производите на овој бренд кои биле намалени и до 50 отсто.

Купувачите од Лондон в зори пристигнале пред магацинот на компанијата за да бидат први во редицата за купување, и покрај тоа што продажбата почнувала во 8 до 9 часот.


Поради популарноста на оваа распродажба полицијата била принудена да интервенира, односно поради автомобилите на клиентите кои создавале метеж на улицата. На првиот ден од распродажбата, паркингот веќе беше полн еден час по отворањето, а стотици луѓе мораа да ги паркираат возилата покрај патот.

„Почнавме да добиваме известувања за метеж во 9:45, така што бевме принудени да се упатиме кон магацинот за да помогнеме со контролата на сообраќајот“, изјави портпаролот на полицијата во Хемпшир, а по час и половина сообраќајот се нормализирал.

Распродажбата се смета за еден од најголемите настани во компанијата

Компанијата ја прогласи распродажбата за „најголем настан во живо досега“. Ова беше втора распродажба на садовите за готвење „Le Creuset“ во Андовер оваа година, а претходната беше одржана во март.


Компанијата следната година ќе ја прослави својата 100-годишнина, а нејзините кујнски производи се првенствено познати по нивната издржливост, квалитетот, доживотната гаранција и препознатливата палета на бои, а една од нивните најпопуларни бои е вулканско портокаловата.


Компанијата „Le Creuset“ е позната и по високите цени на нивните производи, а за повеќето садови купувачите треба да издвојат од 200 до 600 британски фунти (од 241 до 724 евра). Доколку пак некој купувач би сакал да ја опреми целата своја кујна само со садови за готвење „Le Creuset“, би требал да издвои околу 4.239 евра.