[ФОТО/ВИДЕО] Облека на Мадона се продавала „како алва“: Имало парчиња и по 500 денари

Точка

13/11/2024

19:22

7.666

Големина на фонт

а а а

Облеката од јубилејната турнеја „Celebration“ на Мадона беше пуштена во продажба во хуманитарна акција во Манчестер, а модните парчиња со намалени цени се распродадоа речиси веднаш.

Десетици предмети беа донирани во хуманитарната продавница „Children’s Air Ambulance charity shop“ во Салфорд по еднонеделните проби на Мадона во „АО Арена“ во Манчестер минатата година, пренесува „Јаху“.

Меѓу артиклите на продажба беа жолто-црно карирано мини здолниште кое танчерката го носеше за време на почетокот на концертот (се продаваше за 11 фунти), како и тексас елек што го носеше Мадона кога ја изведе „Don’ t tell me“ (18 евра).

Другите поволни цени вклучуваа розово туту здолниште за 24 евра и избор на панталони од американскиот бренд „Tripp“ за 30 евра, кои обично се продаваат за околу 95 евра. Избор на маици имаше и за само девет евра или околу 500 денари.

Пред распродажбата, хуманитарната продавница објави на Фејсбук: „Дали сте материјална девојка или едноставно сакате да позирате? Тука сме за вас. Донирани ни се неколку неверојатни парчиња од генералната проба од турнејата на Мадона ‘Celebration’ во АО Арената“.

Are you a Material Girl or do you just like to Strike A Pose? We’ve got you covered. We have been donated some amazing...

Posted by Children's Air Ambulance on Saturday 9 November 2024

Големата турнеја на Мадона започна минатиот октомври во лондонската О2 арена. Турнејата „Celebration“ заврши на 4 мај во Бразил, по рекордниот концерт на плажата Копакабана во Рио де Жанеиро со 1,6 милиони посетители.