Фудбалерот на Тотенхем суспендиран на седум натпревари, бидејќи изјави дека сите Корејци изгледаат исто

Точка

13/11/2024

16:11

2.017

Големина на фонт

а а а

Фудбалерот на Тотенхем, Родриго Бентанкур беше суспендиран на седум натпревари од Фудбалската асоцијација на Англија, откако во една емисија даде расистичка изјава дека „сите Корејци изгледаат исто“.

Според англиски "Mirror", Бентанкур гостувал во едно уругвајско ТВ шоу, каде зборувал за својот соиграч од Јужна Кореја,Хеон-Мин Сон.


Водителот го прашал фудбалерот дали може да му набави дрес од јужнокорејскиот играч, а Бентанкур одговорил:

„Од Сон? Би можел и од братучед му на Сон, сигурно сите изгледаат идентично“, гласеше расистичката забелешка на Бентакнкур.


Ова брзо се прошири на социјалните мрежи, па мораше да реагира Фудбалскиот сојуз на Англија и тој нема да може да игра на теренот во следните седум натпревари.

Не се знае дали и Тотенхем ќе му изрече некаква казна, а Бентанкур во меѓувреме му се извини на Сон за навредата.