Во текот на ноќта и утринава Русија ја нападна Украина со стратешки бомбардери, крстаречки ракети од различен тип и наведувани воздушни бомби, а нешто подоцна следеше и самоубиствен напад со беспилотно летало, соопштија украинските власти.
Според податоците на украинските воздухопловни сили, шест авиони Ту-95МС полетале за Украина, пренесува Укринформ.
Одбранбените сили на Украина на Телеграм објавија дека до 10 часот денеска собориле два крстаречки ракети Х-101, кои биле лансирани од областа на Каспиското Море, како и две балистички ракети Искандер-М/КН-23 истрелани од Воронежскиот регион во Русија.