Уапсен британски полицаец, му помагал на Хамас

Макфакс

13/11/2024

11:47

468

Големина на фонт

а а а

Членови на антитерористичката полиција вчера уапсиле полицаец од Глостершир под сомнение дека сторил кривично дело тероризам, соопшти британската полиција.

Полицаец на околу 30 години е уапсен во Глостер под сомнение дека поддржувал забранета организација – исламистичка терористичка организација Хамас. По апсењето тој беше приведен надвор од областа Глостершир. Антитерористичката полиција врши бројни претреси поврзани со тоа апсење, па меѓу другото, претресено е возило и простор во Глостер.

„Апсењето на активен полицаец под сомнение за таков сериозен прекршок несомнено ќе предизвика загриженост во нашите заедници и кај сите што работат за полицијата во Глостершир“, рече Арман Матисон, помошник началник на полицијата во Глостершир.

„Важно е да се напомене дека сомнежот за поддршка се однесува на онлајн активности и дека пребарувањата главно се вршат за лоцирање на дигитални уреди, кои сакаме да ги анализираме. Апсењето е направено за да се овозможи брза и ефикасна истрага и во оваа фаза не смееме да извлекуваме никакви заклучоци“, додаде тој.



Спонзорирани линкови

Маркетинг