Француски фудбалер осуден на две години затвор: Пијан силувал девојка, срамно се бранел

Точка

12/11/2024

16:16

2.599

Големина на фонт

а а а

Најдобриот стрелец во историјата на Монако, Висам Бен Једер (34) е осуден на две години затвор, условно.

Францускиот фудбалер Висам Бен Једер (34) е осуден на условна затворска казна од две години поради силување на неименувана девојка. Покрај тоа, Бен Једер е должен да плати 6.500 евра на оштетената, има и казна од 5.000 евра, додека шест месеци му била одземена возачката дозвола!

На познатиот фудбалер и поранешен француски репрезентативец му се судеше во Ница и беше обвинет по сите точки од обвинението – уапсен е пијан во автомобил, одбил да соработува со полицијата, а потврден е и сексуален напад. Тој не беше присутен на изрекувањето на пресудата, а претходно на рочиштето јавно се покаја и побара прошка. Како што истакна тогаш, не се сеќава на ништо бидејќи бил пијан.

„Верувајте ми, навистина не се сеќавам на ништо. Не можам да ви кажам што направив. Овде сум поради алкохолот, жртва сум на тоа. Искрено се извинувам на жртвата, нејзиното семејство и моето семејство“, рече Висам Бен Једер на судењето.

„Поради алкохолот заборавив и престанав да размислувам. Сега сфатив дека ја направив најлошата грешка во мојот живот. Јас сум многу осамен човек, тешко ми е да им верувам на луѓето. Бев изневерен премногу пати во животот и тогаш спасот го барав во алкохолот“, се зборовите со кои се бранеше најдобриот стрелец во историјата на Монако, како самиот да е жртва, а не обвинет дека силувал девојка чие име, вели тој, не го ни знае.

Бен Једер потоа истакна дека се лекува од алкохолизам и дека без разлика на пресудата не планира да се пензионира и кога се ќе се реши – сака да му се врати на фудбалот. Очигледно тој веќе добил понуди од европски екипи кои го посакуваат во јануари. Бен Једер ја започна кариерата во Тулуз, а играше и за Севиља и Монако.

Клубот од Азурниот брег во 2019 година го плати 40 милиони евра и за Монако постигна 118 гола.