Пронајдено решение за експлозијата на батериите во телефоните?

Точка

12/11/2024

15:04

5.916

Големина на фонт

а а а

Истражувачите од Универзитетот Корнел дојдоа до револуционерно откритие што може да значи крај на батериите кои експлодираат.

Пред неколку години, ова беше огромен проблем – ќе се сеќавате дека во 2022 година постојано читавме за извештаите за палење на батериите на "iPhone", но изгледа дека конечно може да има решение.

Литиум-јонските батерии се едно од најкорисните достигнувања на модерното време – тие ги напојуваат сите уреди што ги користиме секој ден. Сепак, овие батерии се исто така нестабилни, поради што многу научници и инженери бараат начини да го подобрат нивниот дизајн.


За да се изборат со проблемот со експлозии на батериите, истражувачите од Корнел развија нов тип на кристал кој треба да ги замени традиционалните литиум-јонски батерии на база на течност и побавните, побезбедни батерии во „цврста состојба“.

Еден од најголемите проблеми што кристалните батерии се обидуваат да го решат се шилестите дендрити кои можат да се формираат помеѓу анодата и катодата на батеријата кога се користат течни електролити за транспорт на јоните. Тука на сцена влегуваат порозните кристали – истражувачите успеаја да обезбедат структура која дозволува јони да минуваат низ неа, но не се формираат дендрити.


На овој начин се одржува стабилноста на батеријата, а доколку резултатите до кои дошле истражувачите дополнително се подобрат, безбедноста на батеријата би можела значително да се подобри за сите идни уреди што ќе ги користиме и во кои ќе бидат.




Спонзорирани линкови

Маркетинг