Децата до 4 години не треба да јадат пуканки: Оваа храна може да предизвика сериозни опасности кај малите деца

Точка

12/11/2024

14:40

1.326

Големина на фонт

а а а

Според експертите, децата на возраст до четири години се изложени на поголем ризик од гушење.

Според експертите, децата на возраст до четири години се изложени на поголем ризик од гушење.

Пуканките се омилена закуска, како за возрасните, така и за децата, а нивната крцкавост и вкусност се главни причини зошто толку многу ги сакаме. Меѓутоа, се поставува прашањето кога е вистинското време за децата да започнат да ги јадат и дали тие се опасни за малата возраст.


Според стручњаците, малите деца се изложени на поголем ризик од гушење до четвртата година од животот. Токму тогаш тие започнуваат целосно правилно да ја џвакаат храната, а потоа, со појавата на првите катници, се развива вештината за дробење на храната со забите пред да ја голтат.

Покрај тоа, постои и друга причина за зголемениот ризик од гушење: малите деца многу лесно ја губат концентрацијата додека јадат. Затоа, многу е важно да се внимава и внимателно да се следат во текот на оброците. Одењето, трчањето, смеењето или зборувањето додека јадат може да доведат до момент на невнимание, што пак може да резултира со сериозни проблеми.

Покрај пуканките, родителите треба да внимаваат и на други намирници кои често се консумираат: виршли, бонбони, гуми за џвакање, како и грозје, јаткасти плодови и свеж зеленчук. За да се намали ризикот, се препорачува овошјето да се сече на мали парчиња. Ова важи за овошја како банани, јаболка, праски и круши. Овошјата како сливи, грозје и цреши треба да се исчистат, а потоа да се дробат или сечкаат за да бидат побезбедни за јадење.


Исто така, зеленчукот како моркови, карфиол, компир и брокула треба да се готват и да се сечат на коцки за да бидат безбедни за консумација. Лекарите исто така предупредуваат на опасноста од задушување поради мали играчки, копчиња, батерии и други ситни предмети кои децата често ги голтаат.

Што се однесува до храната, најдобро е да се избегнуваат одредени намирници додека детето не порасне доволно за да може безбедно да ги јаде, под ваша контрола и без страв.




Спонзорирани линкови

Маркетинг