[ФОТО] Дензел Вашингтон ги воодушеви сите со својот изглед: „Има милиони на сметка, но не се расфрла“

Точка

12/11/2024

09:35

2.210

Големина на фонт

а а а

Дензел Вашингтон, легендарниот 69-годишен актер, со својата едноставност ги воодушеви обожавателите и сите присутни на премиерата на Гладијатор II во Париз.

И покрај тоа што присуствуваше на една од најважните филмски вечери во оваа година, Вашингтон се одлучи за опуштен и скромен изглед – беше облечен во едноставен кардиган со долги ракави, маица, фармерки и сини патики.


На снимката која за кратко време стана вирална на Инстаграм, Вашингтон љубезно разговараше со новинарите и им даваше автограми на обожавателите. Исто така неговото однесување предизвика многу позитивни реакции кај обожавателите, кои коментираа дека тој е едниот од најскромните и најпристапните познати личности.


„Големиот Дензел“, „Погледнете колку е едноставен и скромен“, „Овој човек е легенда“, „Голема почит за него“, „Тој е кралот“, „Милиони на сметка, а тој не се расфрла“, беа само дел од коментарите на социјалните мрежи.

Гладијатор II ќе биде достапен во кината од 13 ноември

Инаку, долгоочекуваниот епски историски филм Гладијатор II ја имаше својата прва проекција во Лос Анџелес кон крајот на октомври, и тоа пред публика составена од членови на Американската академија за филмски уметности и науки („AMPAS“) и „SAG“.

Филмските критичари се толку воодушевени од овој филм на Ридли Скот така што му предвидуваат бројни номинации за Оскар. Најмногу пофалби помеѓу актерите добија Дензел Вашингтон за кого се предвидува дека ќе го добие и третиот Оскар, но и ѕвездата на филмот Пол Мескал. Социјалните мрежи се преполни со позитивни коментари од гледачите кои пишуваат дека Гладијатор II е достоен наследник на оригиналниот филм од 2000 година.



Спонзорирани линкови

Маркетинг