[ФОТО] Новак Ѓоковиќ доби мурал во Србија

Точка

11/11/2024

21:15

1.222

Големина на фонт

а а а

Најдобриот тенисер на сите времиња, Новак Ѓоковиќ, несомнено е една од најомилените личности во Србија.

Речиси во секој град во Србија Ѓоковиќ има мурал на некоја зграда, а сега тој број е зголемен, бидејќи фасадата на хотелот Планета Ин во Нови Сад ја разубави најновиот мурал посветен на најголемиот српски спортист.

Освојувачот на 24 Грен Слем трофеи и рекордер во тенис, како и олимписки шампион од Париз оваа година, доби интересен мурал, кој беше насликан со мотиви од неговата „симфонија“ на Вимблдон, каде што натпреварите ги прославуваше симулирајќи свирење на виолина.


Да потсетиме, Ѓоковиќ го изведуваше овој славенички гест заради неговата ќерка Тара, која беше во публиката и го гледаше сето тоа со задоволство, додека публиката не секогаш имаше разбирање за позадината на гестот и знаеше да споделува извици „Бу“.


„Ова е за Тара! Ќерка ми Тара свири виолина некое време, шест месеци, и тоа беше наш договор за начинот на славење на резултатите“, изјави Новак во своето интервју по натпреварот кога беше прашан за интересната прослава.

Сега, „Симфонијата“ на Новак е трајно поставена на ѕидот на хотелот во Нови Сад.