„Недела со дедо“, објави на платформата „Х“ Каи Трамп, внуката на новоизбраниот претседател на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, но она што најмногу го привлече вниманието на корисниците на социјалните мрежи не е внуката на Трамп, туку фактот дека тоа беше ретка фотографија на која тој не е нашминкан.
Една од приложените слики ги прикажува Каи и Доналд Трамп дома, а на другата се гледаат на терен за голф во Флорида. И двајцата имаат широки насмевки и носат капи, а онаа на Трамп е секако со слоганот MAGA (Make America Great Again – let’s make America great again).
Трамп позираше со внуката без шминка
Она што привлече најмногу внимание на фотографиите кои ги објави внуката на Трамп е неговото лице, бидејќи изгледаше дека конечно позира без шминка.
Sundays with Grandpa 💛 pic.twitter.com/UfKdu0RJI7
— Kai Trump (@KaiTrumpGolfs) November 10, 2024
Корисниците на мрежата „Х“ забележале и дека изгледа како да не користел самопотемнување, поради што „не изгледа онака портокалово“, пишуваат некои.
„Значи, вака всушност изгледа кожата на Трамп“, напишала извесна корисничка на „Х“.
this is the first time I see him without orange makeup and I didn't recognize him until seeing "trump" 😭😭😭 https://t.co/pAQtNnZlvV
— george (@onikaperryyy) November 11, 2024
Трамп се подготвува за Белата куќа
По убедливата победа на претседателските избори на 5 ноември, Трамп се подготвува да влезе во Белата куќа во јануари. Од приложените фотографии може да се види како се релаксира играјќи голф пред почетокот на вториот мандат, по победата над демократската кандидатка Камала Харис. Трамп обично сака голф и често се релаксира на теренот во напнати ситуации. Тој дури дозна дека ги загубил претседателските избори во 2020 година од Џо Бајден додека играл голф.
Моментално е ангажиран во изборот на администрацијата. Тој веќе направи еден „историски“ избор – Сузи Вајлс во јануари ќе ја добие втората најважна работа во Белата куќа и ќе стане првата жена на чело на кабинетот на претседателот. Исто така, Томас Хоман ќе биде задолжен за границите во новата администрација, а Си-ен-ен во неделата објави дека Трамп ѝ понудил на членката на Претставничкиот дом, Елис Стефаник, да биде амбасадорка на САД во Обединетите нации.