Се запали авион на небото над Рим, објавено е страшно видео.
Како што јави "Reuters", денеска имало пожар во авион за време на лет над Рим.
Десниот мотор на "Боингот" со кој управувал кинескиот авиопревозник "Хаинан ерлајнс" се запалил набргу по полетувањето од аеродромот Фиумичино во Рим во неделата, изјави претставник на италијанскиот аеродром.
After 11 circular holding patterns and 50 minutes in the air, a 2018 built Hainan Airlines Boeing 787-9 Dreamliner (B-1119) retuned back to Leonardo da Vinci Rome Fiumicino Airport (FCO) few hours ago owing to issues with the Right engine.
— FL360aero (@fl360aero) November 10, 2024
The event took place when the General… pic.twitter.com/XTjFQz72QL
Авионот, кој летал за кинескиот град Шенжен со 249 патници и 16 членови на екипажот, се вратил назад и безбедно слетал откако испуштал гориво над морето.
Авионот очигледно бил погоден од птица, се вели во соопштението на италијанската крајбрежна стража.
NOV 11: Hainan Airlines Boeing 787-9 (B-1119, built 2018) experienced a series of engine surges in the early climb-out of runway 16R at Rome-Intl AP (LIRF), Italy. Flight #HU438 to Shenzhen entered a holding pattern and safely returned to land 55 min later. pic.twitter.com/EK7aX2Etb6
— JACDECNews (@JacdecNews) November 10, 2024
Ударите од птици се вообичаени и можат да претставуваат значителна закана за безбедноста на авионите.
Немаше доцнења во воздушниот сообраќај во Фиумичино, изјави претставник на аеродромот.