Тажна вест: Почина д-р Мирчевски, светски признат неврохирург и еден од водечките експерти во својата област

Макфакс

12/11/2024

16:05

6.330

Големина на фонт

а а а

Денеска почина проф. д-р Владимир Мирчевски, светски признат неврохирург и еден од водечките експерти во својата област.

Од Асоцијација на специјализанти и млади лекари посочија дека смртта на проф. Мирчевски е огромна загуба за целиот здравствен систем,

Утрово не напушти д-р Владимир Мирчевски, редовен професор на Медицинскиот факултет во Скопје и долгогодишен специјалист...

Posted by Асоцијација на специјализанти и млади лекари-АСМЛ on Tuesday, November 12, 2024

„Утрово не напушти д-р Владимир Мирчевски, редовен професор на Медицинскиот факултет во Скопје и долгогодишен специјалист неврохирург, раководител на одделот за детска неврохирургија. Смртта на проф. Мирчевски е огромна загуба за целиот здравствен систем, земајќи ја предвид неговата професионалност и огромно искуство во полето на медицината. Беше специјалист на Лионската школа по неврохирургија, член на Американскиот конгрес на неврохирурзи како и редовен професор на Медицинскиот факултет-Скопје. Изразуваме сочувство до фамилијата и најблиските. Нека почива во мир“, напишаа од Асоцијацијата на социјалните мрежи.

Погребот ќе се изврши во среда 13.11.2024 година, а посмртните останки ќе бидат изложени во 13:00 часот во капела бр.1 на Градските гробишта Бутел во Скопје.