Политичар во Германија објави фотографија од нацистичка секс кукла во клупски дрес! Поднесе оставка

Точка

10/11/2024

14:30

1.846

Големина на фонт

а а а

На главата на куклата пишува „Scheiße St. Pauli" така што буквите ’s‘ се стилизирани да личат на СС. Клубот Сент Паули, кој оваа сезона влезе во Бундеслигата, најави тужба против Бујукбајрам, кој се извини за објавата.

Локалниот политичар од северна Германија, Булент Бујукбајрам поднесе оставка откако доживеа лавина критики и бес поради неговата објава на "X". Имено, Бујукбајрам, кој е член на демохристијаните во градот Делменхорст на северот на Германија, објави фотографија од обесена секс-кукла облечена во дрес на Сент Паули, пишува "Guadian".

Клубот од Хамбург е познат по своите левичарски ултраси и има добри односи со другите „леви“ клубови како Марсеј и АЕК. На главата на куклата пишува „Scheiße St. Pauli" така што буквите ’s‘ се стилизирани да личат на СС. Сент Паули, кој годинава влезе во Првата Бундеслига, најави тужба против Бујукбајрам, кој се извини за објавата.

„Тоа беше глупава грешка. Добивам сериозни закани и морам да му се извинам на Сент Паули“, изјави Бујукбајрам. Христијанско-демократската унија ја прифати неговата оставка.

Претседателот на Сент Паули, Оке Гетлих ја критикуваше објавата.

„Ваквите испади се многу опасни и треба да се сфатат сериозно. Ги испитуваме правните чекори што ќе ги преземеме“ краток беше претседателот Гетлих.

Државното обвинителство го добило извештајот, но се уште не соопштува дали ќе отвори истрага. Сент Паули и неговите обожаватели се познати по поддршка на мигрантите, сексуалните малцинства и промовирање зелена политика.




Спонзорирани линкови

Маркетинг