Гвардиола: Можеби е дојдено време некој друг клуб да ја освои титулата во Премиер лигата

Точка

10/11/2024

13:11

1.804

Големина на фонт

а а а

Менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола изјави дека можеби е дојдено време некој друг клуб да ја освои титулата во Премиер лигата, но додаде дека „граѓаните“ нема да се откажат од борбата за шампионскиот трофеј, пренесуваат британските медиуми.

Во саботата Манчестер Сити беше поразен од Брајтон (1:2) во натпреварот од 11. коло на Премиер лигата. Клубот од Манчестер е поразен на последните четири натпревари во сите натпреварувања.

„Не одигравме добро и тоа е факт. Сепак, сето тоа е сосема нормално во фудбалот. Мора да се обидеме да се вратиме на победничките патеки“, изјави Гвардиола.

Тој призна дека Манчестер Сити има тежок распоред на натпревари.


„Сега ни претстои репрезентативна пауза, по која не очекува серија уште потешки натпревари. Во последните седум години шест пати ја освоивме Премиер лигата. Не можеме да очекуваме ниту Манчестер Сити да биде шампион во следните 50 години. Можеби е време некој друг да ја освои титулата. Ќе видиме. Ќе се бориме, имаме уште доволно време “, изјави Гвардиола.

Менаџерот на Манчестер Сити истакна дека неговиот клуб нема да се откаже од борбата за титулата во Премиер лигата.


„За се има прв пат. Натпреварите се губат. Ова е мојот предизвик, но сакам предизвици и нема да се откажам“,додаде Гвардиола.

Манчестер Сити е на второто место на табелата во Премиер лигата со 23 бодови, додека првопласираниот Ливерпул има 28.

„Имавме два порази во Премиер лигата, и уште два во други натпреварувања … Мора да броиме и победи и порази, а вистината е дека често победуваме. Ова е прв пат да ми се случи ова и знам дека сите ќе зборуваат за тоа. Не знам што друго да додадам. Ќе бидеме подобри во следните натпревари, бидејќи очекувам некои повредени играчи да се вратат во тимот. Порано немавме толку повредени играчи“, изјави Гвардиола.




Спонзорирани линкови

Маркетинг