Кошаркарската ѕвезда за разликата помеѓу НБА и Евролигата: „Да дојде Дурент, мислите дека играта нема да се врти околу него?“

Точка

12/11/2024

21:04

2.118

Големина на фонт

а а а

Еван Фурние, францускиот кошаркар и член на Олимпијакос, ги спореди европската и НБА кошарката.

Францускиот дефанзивец беше во НБА од 2012 година, каде играше за неколку клубови до летово, кога реши да му се приклучи на Олимпијакос.

Целиот овој конфликт меѓу навивачите на НБА и навивачите на Евролигата, според мене, е бесмислен, тоа е тривијална борба. Потребата од споредување е одраз на нашата несигурност во Европа“, изјави Фурние за „L'Equipe“.

Тој продолжи да зборува на истата тема.


Евролигата е повеќе ориентирана кон тимовите и помалку фокусирана на ѕвезди, тоа е вистина. Но, тоа е затоа што има помалку ѕвезди. Доколку Кевин Дурент дојде овде, дали навистина мислите дека играта нема да се врти околу него? Друга разлика што ја забележав, иако сè уште стекнувам искуство во Евролигата, е темпото на игра. Во НБА сè се зголемува до крајни граници – бројот на посети, голема брзина, шутеви штом се укаже прилика … Сепак, да се каже дека нема одбрана во НБА е смешно“, вели Фурние.

Во НБА постигнувате многу повеќе поени, но тоа е најмногу поради правилата, додава тој.


„Во НБА има подобри поединци, правилата го фаворизираат нападот, па нормално е дека е потешко да се одбрани. Меѓутоа, ако ги продолжите натпреварите во Евролигата на 48 минути, ќе видите дека разликата не е таква како што мислат луѓето“.

Французинот порача дека оваа тема не треба дополнително да се продлабочува.

„Зошто да не се фокусираме само на големиот талент што го имаме овде и да не уживаме во играта? Можеме да ја цениме Евролигата, а не да ги спуштиме другите. Евролигата добива се повеќе респект, ајде да се надоврземе на тоа наместо да бидеме арогантни“, заклучи Фурние.




Спонзорирани линкови

Маркетинг