Нутриционистка открива што се случува со организмот кога пиеме кафе на празен желудник

Точка

08/11/2024

16:16

5.571

Големина на фонт

а а а

За многу луѓе утринското кафе е од суштинско значење, но експертите велат дека пиењето кафе пред појадокот не е најдобрата идеја. Иако црното кафе има бројни здравствени придобивки, повеќето луѓе имаат тенденција да консумираат кафе со млеко, шеќер и висококалорични додатоци. Кога консумираме вакви пијалаци на празен желудник, тоа може да ја зголеми киселоста во желудникот, што може да предизвика дигестивни проблеми, горушица, па дури и нагли скокови на шеќерот во крвта.

Нутриционистката Каролина Салазар, на ТикТок сподели листа на активности кои никогаш не ги прави. Првото нешто на оваа листа е пиењето кафе на празен желудник. Според Салазар, оваа навика може да предизвика проблеми со енергијата и концентрацијата.


„Никогаш не пијам кафе или пијалаци со кофеин на празен желудник. Пиењето кофеин на празен желудник го зголемува нивото на кортизолот, хормонот на стресот, што го нарушува балансот на хормоните на стресот и влијае врз нивото на шеќерот во крвта“, вели Салазар, и додава дека ова може да доведе до пад на енергијата и концентрацијата во текот на денот.

Важно е да се ограничи внесот на кофеин, особено во попладневните часови

Лекарката, Елена Дешко, препорачува кафето да се пие кон средината на утрото. „Наутро, нивото на кортизол (хормонот на стрес) природно е на највисокото ниво. Зголеменото ниво на кортизол кое трае подолг временски период може да ја наруши работата на имунолошкиот систем. Затоа, подобро е да се почека нивото на кортизол малку да се намали пред да се консумира кофеин“, вели Дешко за „SheFinds“.


Во последните години, сè повеќе луѓе пијат повеќе од една шолја кафе дневно. Затоа, д-р Дешко советува да се избегнува внесувањето кофеин шест до осум часа пред спиење, бидејќи кофеинот може да го попречи заспивањето и да го намали квалитетот на сонот.

Од друга страна и лекарката Ерин Стоукс, исто така вели дека треба да се ограничи внесот на кофеин, особено попладне, бидејќи кофеинот може да остане во крвотокот и до десет часа, што ќе го отежни заспивањето.


За уживање во кафето без дигестивни проблеми или зголемување на нивото на хормонот на стресот, лекарите препорачуваат прво да се консумира лесен, избалансиран појадок. Интегрален леб со путер од јаткасти плодови, грчки јогурт со бобинки или овесна каша со неколку јаткасти плодови се одличен избор.



Спонзорирани линкови

Маркетинг