[ФОТО] Ракета на тркала: "Brabus" од милион евра

Точка

08/11/2024

13:11

6.513

Големина на фонт

а а а

Моделот "Brabus", заедно со огромната моќ, носи и сосема нов дизајн.

Неговото име е "Rocket GTS", а го нуди "Brabus". Станува збор за "shooting brake" верзијата на "Mercedes SL", секако во најмоќната сериска верзија "AMG".

"Brabus" тука отиде до максимум, па возилото доби сосема нов, „карбонски“ изглед и "plug-in" хибриден погон.

Погонскиот систем се состои од 4,5-литарски V8 твин-турбо мотор во комбинација со електричен мотор, со синергетска моќност од 1.000 коњски сили и дури 1.620 Nm вртежен момент.

"Brabus" наведува дека погонот всушност има 1.820 Nm, но е ограничен за да го заштити деветстепениот автоматски менувач.


Во превод, во споредба со моделот "SL63 S E Performance", ова се дополнителни 184 коњски сили и 573 Nm, што има значително влијание врз перформансите.

До 100 км/ч стигнува за 2,7 секунди, 200 км/ч за 9,5 секунди, а 300 км/ч за 23,6 секунди.


"Brabus" истакнува дека автомобилот бил тестиран во воздушен тунел, каде покажал исклучителна стабилност при брзини над 300 км/ч. Инаку, максималната брзина на овој „ѕвер“ е 317 км/ч.

Заедно со механиката, темелно е реновирана и внатрешноста на возилото. Малку е да се каже дека овој 2+2 "shooting brake" е направен до совршенство.


И сега, време е да се спуштиме на земја. Првиот произведен примерок "Brabus" го понуди на својата веб-страница, а неговата цена е 945.762,50 евра.