Фетаи во Брисел на средба со европратеникот Ваитз: Повеќе нема дилеми дека балканските земји треба да бидат во ЕУ

Макфакс

08/11/2024

09:49

311

Големина на фонт

а а а

Во Европската Унија повеќе нема ниедна дилема дека земјите од Западен Балкан треба да станат членки на ЕУ. Ова е став на европратеникот и известувачот за Северна Македонија во Еврпопскиот парламент, Томас Ваитз, искажан на средбата во Брисел со потпретседателот на Владата задолжен за политики на добро владеење, Арбен Фетаи.

Известувачот Ваитз рече дека Северна Македонија треба да го искористи моментот создаден поради руската агресија против Украина и да направи се што е во нејзина моќ да ги отвори преговорите со цел брзо членство во ЕУ. Тој вети дека ќе направи се што е во негова моќ и на Европскиот парламент да го оствари ова заедничка цел.

Вицепремиерот Фетаи го информираше Ваитз за активностите на Владата за спроведување на реформската агенда, посебно во делот на владеење на правото и борбата против корупцијата. Фетаи ја истакна и важноста за изградба на Коридорот 8 како безбедносен проект и за справување со еколошките предизвици.


Тој изрази загриженост за руското влијание врз информативниот простор на Северна Македонија, кое треба да се третира како сериозно прашање за националната безбедност.

На крај, вицепремиерот му се заблагодари на домаќинот за конструктирвната средба и се заложи за координација на следните активности важни за европската иднина на земјата.