[ВИДЕО] Потона рибарски брод во Јужна Кореја, двајца загинати, 12 исчезнати

Макфакс

08/11/2024

08:34

356

Големина на фонт

а а а

Две лица загинаа, а 12 се уште се водат како исчезнати откако рибарски брод потона рано утринава во водите кај јужнокорејскиот остров Џеџу, изјави претставник на градската управа Џеџу.

Властите изгубија трага на бродот од јужнокорејскиот пристанишен град Бусан во раните утрински часови, рече официјалниот претставник. Бродот превезувал 27 лица, а меѓу спасените има и странски државјани, рече тој, додавајќи дека двајца јужнокорејски државјани загинале.

Крајбрежната стража на Јужна Кореја добила повик за помош во 4:33 часот по локално време, лоцирана на 24 километри од брегот на Џеџу, објави новинската агенција Јонхап.

Претседателот на државата Јун Сук Јеол нареди распоредување на сите расположливи ресурси за операцијата за пребарување и спасување, соопшти неговиот кабинет.