На планината Фуџи падна првиот снег оваа сезона, најдоцна во последните 130 години

Точка

07/11/2024

17:48

300

Големина на фонт

а а а

На планината Фуџи денеска падна првиот снег оваа сезона, што е најдоцниот датум кога овој планински врв побелел откако овој феномен за прв пат е забележан во 1894 година.

Вработените во опсерваторијата во Кофу, Јапонија, утринава го забележале првиот снег во близина на врвот од 3.776 метри, објави "Reuters".


Мамору Мацумото од опсерваторијата изјавил дека сè уште не е сосема јасно зошто снегот е одложен во последните години.


„Чувствувам олеснување што конечно видовме снег. „Поради топлите температури во октомври, кога просечната температура на врвот достигна рекордни 1,6 степени Целзиусови, врнежите не преминаа во снег, што го одложи доаѓањето на првите снежни врнежи“, рече тој.


Јапонија го доживеа најтоплото лето досега оваа година, при што просечната температура од јуни до август е 1,76 степени над нормалата.




Спонзорирани линкови

Маркетинг