Муцунски на работен појадок организиран од унгарскиот министер за надворешни работи, Петер Сијарто

Макфакс

07/11/2024

15:21

207

Големина на фонт

а а а

Во пресрет на состанокот на Европската политичка заедница што се одржува во Будимпешта, министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, на покана на унгарскиот министер за надворешни работи и надворешна трговија, Петер Сијарто, присуствуваше на работен појадок, каде заедно со своите колеги министри за надворешни работи разменија мислења за актуелните глобални и европски политички прашања.

Фокусот на дискусијата беше ставен на динамиката на евро-атлантските интегративни процеси и специфичните предизвици на секоја од земјите.

Притоа, министрите се согласија дека интеграцијата во Европската Унија останува врвен приоритет, проследен со почитување на европските вредности. Во своето обраќање, министерот Муцунски го истакна долгиот евроинтеграциски пат што државата го изоди во изминатите две децении и говореше за кредибилноста на проширувањето, кое треба да се заснова на исполнување на реформската агенда.

Попладнево, како дел од делегацијата предводена од претседателот на владата, Христијан Мицкоски, министерот Муцунски ќе учествува на Самитот на Европската политичка заедница, каде фокусот ќе биде ставен на теми како што се енергетската безбедност, економската сигурност и регионалното поврзување.



Спонзорирани линкови

Маркетинг