Во време кога здравата исхрана станува сè поважна за македонските потрошувачи, Виталиа останува водечки избор за квалитет и иновација. Според најновото истражување за најпознати брендови за 2024 година, спроведено од агенцијата Инсајдер ИД, Виталиа уште еднаш се издвојува како најпрепознатлив бренд во категоријата здрава храна.
Петта година по ред, компанијата ја задржува својата позиција и довербата на македонските потрошувачи преку постојани иновации и ориентација кон здравјето.
Со производите кои ги лансираше годинава како што е протеинската гранола без додаден шеќер, премиум протеинските барови, како и најновите Protein trail Mix, Виталиа постојано ги проширува можностите за здрав и активен животен стил за сите генерации.
Маркетинг и едукативните активности на Виталиа играат важна улога во подигнување на свеста за здравиот начин на живот, зголемувајќи ја достапноста на информации за придобивките од здравата исхрана и создавајќи инспирација кај потрошувачите за подобар начин на живот.
Преку овие активности, Виталиа го зацврстува својот однос со македонските потрошувачи и продолжува да ја гради својата позиција како водечки бренд во областа на здравата исхрана.
Виталиа е пионер во промоцијата на здравата исхрана во Македонија. Со текот на годините, компанијата го прошири своето присуство на пет континенти, нудејќи широк спектар на производи кои ги задоволуваат потребите на современите потрошувачи. Виталиа ја доби и престижната награда „Македонски квалитет“, што ја потврдува како лидер во производството на здрава храна, а воедно и ја поставува Македонија на светската мапа на иновации во здравата исхрана.
Комерцијален текст