Хорор во Германија: Македонски државјанин со месарски нож ја усмртил поранешната партнерка пред очите на трите малолетни деца

Точка

06/11/2024

13:51

4.957

Големина на фонт

а а а

30-годишна жена била брутално убиена од својот поранешен партнер, македонски државјанин, кој ја нападнал со месарски нож во присуство на нејзините три деца, соопштува германскиот весник Билд.

Како што соопшти германскиот весник „Билд“, по нападот, сторителот побегнал, оставајќи ја жената тешко повредена во ходникот. Децата, на возраст од 3, 4 и 6 години, побарале помош од соседите, кои ја известиле полицијата.


– Жртвата неодамна се преселила со своите деца во нов дом во Дортмунд за да се заштити од партнерот, но, за жал, настанот завршил трагично. Полицијата го уапсила осомничениот на автопат во Вирцбург, додека се обидувал да побегне кон Македонија. Моментално е во притвор во Нирнберг, каде што се чека на негово префрлување назад во Дортмунд – јавува „Билд“.


Децата првично биле згрижени од Канцеларијата за заштита на младите и прегледани во детска клиника. Се вели дека се неповредени. Ќе бидат однесени кај семејството на нивната мајка.



Спонзорирани линкови

Маркетинг