„Ова е патот на Трамп кон Белата куќа“: Првиот американски претседател кој е правосилно осуден за кривично дело, а неговата популарност сега е поголема од кога било

Точка

05/11/2024

14:14

784

Големина на фонт

а а а

Анализа на Гласот на Америка за Трамповиот пат кон Белата куќа.

Во изминативе девет години, поранешниот и можеби идниот претседател на САД Доналд Трамп, ја прероди Републиканската партија во земја која станува се пополаризирана, наведува Гласот на Америка.

По изборите во 2020 година, прогласувањето на победата на демократот Џо Бајден требаше да означи крај. Но, во тој момент Доналд Трамп, 45-тиот претседател на САД, не беше подготвен да признае пораз.

“Ако ги броите легалните гласа, тогаш ги добив изборите. Ако ги броите нелегалните гласа, тогаш можат да ги украдат изборите”, рече тогаш Трамп.

Трамп на 6-ти јануари 2021 година ги повика своите поддржувачи да ја спречат Конгресот да ги потврди резултатите од изборите.

“Ќе се бориме со сета наша сила. Ако не се бориме така, нема да имаме држава”.


И потоа се случи сцена која до тогаш беше незамислива во Америка, а сето тоа подоцна доведе до импичмент на Доналд Трамп. Одбивањето да прифати “не” како одговор беше во согласност со неговиот имиџ на човек кој го отфрла конвенционалното.

“Тој е човек кој бесконечно верува во својата интуиција”, оценува Рас Бјутнер, истражувачки новинар на Њујорк Тајмс.

Бјутнер и Сузан Крег се истражувачки новинари на Њујорк Тајмс и коавтори на книгата “Среќни губитници” која критички зборува за тоа како Трамп се прикажува како милијардер кој сè сам постигнал.

“Од раните 80-ти не веруваше на луѓето кои се стручни за нешто, секогаш ги надзборуваше за на крајот да испадне онака како што тој сака”, истакнува Бјутнер.

На зградите на Трамп се наоѓа неговото име, испишано со големи златни букви, што е уште еден показател за неговата амбиција и самопромоција.

“Кога даде интервју за Њујорк Тајмс, рече дека има 200 милиони долари, а таа сума порасна на околу милијарда долари кога една декада подоцна даде интервју за емисијата “60 минути”, потсетува Сузан Крег.

Трамп усоврши како да привлече внимание и да изгради бренд од способноста да постигне договор. Од лиценцирањето на своето име направил милиони.


Но, зад сцената имаше проблеми.

Неговите компании шест пати прогласиле банкрот. Неговите казина губеле пари и биле затворени.

Тој се врати на сцената со помош на ријалити шоуто “Учител”, што беше увод за неговата до сега најголема улога - кога ја објави својата кандидатура.

“Дами и господа, објавувам дека ќе се кандидирам за претседател на САД за да ја направиме нашата земја повторно голема”, рече Трамп во 2015 година.

Безкомпромисен и без двоумење, Трамп беше националистички кандидат кој го поларизираше општеството.

“Кога Мексико испраќа луѓе овде, не ги испраќа најдобрите. Тие внесуваат дрога, прават злосторства, тие се силувачи. Некои од нив, претпоставувам, се и добри луѓе”.

Додека бил претседател, Трамп именува тројца судии на Врховниот суд кои подоцна помогнале да се укине федералната заштита на правото на абортус.


На почетокот на 2020 година, Трамп беше на тест поради пандемијата со ковид.

Го забрза развојот на вакцините кои им спасија многу животи, но во исто време давал и изјави како онаа дека научниците проучуваат дали белилото може да го убие вирусот.

До ноември 2020 година, од ковид умреа повеќе од 230.000 Американци, а изборите ги доби демократот Џо Бајден.

Кога се симна од власт, Трамп се соочи со бројни обвиненија и прв е американски претседател кој е правосилно осуден за кривично дело.

И покрај тоа, неговата популарност сега е поголема од кога било.

Оваа година преживеа два атентата, што дополнително му ја зајакна врската со своите поддржувачи.

“Бог има план за Трамп, го заштитил по причина и со некоја цел. Се надевам дека тоа е да биде 47-ми претседател на Америка”, вели Пем Смит, поддржувач на Доналд Трамп.

Откако Доналд Трамп влезе во американската политика, таа никогаш повеќе нема да биде иста.

Човекот кој е коавтор на книгата “Уметноста на враќањето” можеби го подготвува најголемото во американската историја.




Спонзорирани линкови

Маркетинг