Истражување предупредува: Овие предмети треба да ги исфрлите од кујната поради нивното штетно влијание врз здравјето

Точка

04/11/2024

16:24

8.881

Големина на фонт

а а а

Експертите веќе подолго време предупредуваат да бидеме повнимателни во кујната, бидејќи начинот на кој ги миеме садовите, па дури и типот на даската за сечење, лажицата или жицата за матење, потенцијално го загрозуваат нашето здравје.

Сепак, постои специфичен прибор кој многумина од нас го имаат во кујнските фиоки од кој треба да се ослободиме. Станува збор за предмети направени од црна пластика.

Во 2018 година, Ендрју Тарнер, биохемичар на „Универзитетот во Плимут“, објави труд во кој се откри дека одредени кујнски елементи се направени од рециклиран електронски отпад, кој е видлив преку високите нивоа на забавувачи на пламен. Се испостави дека материјалот е направен од мешавина на хемикалии пронајдени во куќиштето на рециклираните компјутери и телевизори, кои биле обработени со средства за заштита од пламен за да се спречи да се запалат.


Материјалот за кој станува збор се нарекува црна пластика, а од овој рециклиран материјал се прават многу евтин кујнски прибор - шпатули, лажици за сервирање, маталки итн.

Топлината може да предизвика штетните пластични соединенија да мигрираат од овие пластики во храната. Хемикалиите во ретардантите на пламенот може да се мешаат со хормоналниот систем на вашето тело, додека други објавени трудови сугерираат дека тие може да се поврзани со дијабетес, болест на тироидната жлезда или дури и рак.

Студијата објавена минатиот месец од групата „Free Future“ покажа дека садовите за готвење имаат највисоки нивоа на отпорност на пламен од сите тестирани производи за широка потрошувачка.


Детските играчки, исто така, се рангирани високо на листата, бидејќи Меган Лиу, менаџерка за наука и политика во „Toxic-Free Future“ и прва авторка на студијата, изјави за Atlantic: „Кога користите црни пластични предмети, ќе има ризик дека тие може да бидат контаминирани“.

Иако рециклирањето на сите видови пластика може да изгледа како вистинската работа, излегува дека тоа можеби не е најмудриот потег.