Последното летно засилување на Јунајтед добро го познава Аморим: Добивам многу прашања од соиграчите

Дерби

04/11/2024

14:20

626

Големина на фонт

а а а

Манчестер Јунајтед брзо го реши менаџерското прашање и го назначи Рубен Аморим како лидер на новиот проект, но иако здлеката е комплетирана, Португалецот ќе пристигне на „Олд Трафорд“ на 11-ти ноември.

Аморим ќе има две недели да се запознае со играчите и да одработи мини подготовки за време на репрезентативната пауза, а иако ова ќе биде најголем предизвик во кариерата, импресиите се многу позитивни кога е во прашање младиот португалски стручњак.

Рубен успеа да направи вистинска фудбалска сила од Спортинг и како двократен португалски шампион ќе пристигне во Англија, но интересно е тоа што во Јунајтед ќе налета на играч кој нависитна многу добро го познава.

Мануел Угарте беше последно летно засилување за Јунајтед и пристигна по инсистирање на Ерик Тен Хаг, меѓутоа тој нема ништо против назначувањето на Аморим бидејќи со него соработуваше во Спортинг Лисабон.

– Видов дека навивачите на Спортинг се лути за заминувањето на Аморим и можам да го сфатам тоа. Рубен е голем тренер и нема да може лесно да се замени. Ова е добра вест за Јунајтед, мора да профитираме од него и да му дозволиме да ги пренесе фудбалските идеи најбрзо што може.

– Ќе влезе во поинаква динамика, ќе ја промени земјата и лигата, но сите веруваме во неговите квалитети. Моите соиграчи ме прашуваат многу за него и најизненадени се од неговата возраст (39 години). Знам дека ќе дојде со огромни амбиции и мислам дека ќе му се допадне новата авантура, – вели Угарте.



Спонзорирани линкови

Маркетинг