Зачувајте ја убавината на вашите орхидеи: Користете го овој едноставен трик со варен компир

Точка

02/11/2024

13:22

7.473

Големина на фонт

а а а

Одржувањето на орхидеи дома може да биде предизвик, но модерните трикови за нега на растенијата често носат интересни решенија.

Еден од најновите хитови меѓу љубителите на цвеќиња е користењето варени компири како тајно оружје за нега на орхидеи.

Експертите за нега на растенија советуваат дека водата во која сте ги вареле компирите може да се претвори во природно ѓубриво за вашите орхидеи.


Овој метод не е само едноставен, туку и многу ефикасен. Хортикултурните експерти тврдат дека оваа вода содржи богати хранливи материи кои можат да го поттикнат бујното цветање на орхидеите.

Постапката е многу едноставна. Гответе го компирот со лушпа, бидејќи лушпата содржи најмногу хранливи материи. Кога компирот ќе омекне, процедете ја водата во контејнер и оставете ја да се излади. Оваа течност е идеално решение за наводнување на орхидеи.


За дополнителна безбедност, се препорачува да ја разредете оваа течност со обична вода за да избегнете преоптоварување на растението со хранливи материи. Ова ќе обезбеди здрав и бујен раст на вашите орхидеи.