[ВИДЕО] Уловил сом од 2,5 метри, луѓето гледаат со неверување: „Ова беше тешка борба, замалку ќе ме фрлеше на карпите“

Точка

02/11/2024

11:22

7.907

Големина на фонт

а а а

Професионалниот рибар Јакуб Вагнер (42), ѕвездата на ТВ серијата „Воин-риба“ на „Нешнал географик“, се пофали со својот улов на мрежите и ги шокираше неговите следбеници. Имено, тој во родната Чешка уловил сом долг 2,52 метри.

„Тоа беше првпат кога помислив дека не сум дораснат. Мислев да се откажам, дуваше ветер, брановите го фрлаа чамецот и мене“, ги опишал Јакуб драматичните моменти.

Џиновскиот сом за малку ќе го фрлел на карпите, а на Јакуб не му е јасно како се одржала јадицата, пренесува „Билд“.


„Тешка борба. Ме влечеше со неконтролирана сила. Прачката се наведна на површината на водата“, открил тој.

Покрај фотографиите, рибарот објави и видео на кое се гледа како уморно седи во чамецот, додека сомот плови во водата. Тој ја додаде пораката: „Апсолутно брутално“.


По мерењето и фотографирањето, Јакуб го вратил џиновскиот сом во водата и на тој начин го исполнил ветувањето дека никогаш нема да го убие својот улов. Инаку, пред неколку месеци, тој уловил уште еден сом од 2,61 метар, но очигледно неодамнешната „борба“ оставила повеќе трага.