Се откажуваат: Кинезите нема да градат фабрика за батерии во Европа

Точка

02/11/2024

09:50

6.180

Големина на фонт

а а а

Се испорачуваат батерии за "Citroen e-C3", а како потенцијален партнер се споменуваше и "BMW".

Можеби европскиот пазар во еден момент изгледаше примамливо за кинеските производители на електрични автомобили и батерии, но работите се менуваат. Барем во моментов.

Кинескиот производител на батерии за електрични возила "SVOLT" најави дека ќе ја затвори својата европска филијала во јануари и ќе се откаже од плановите за два производни погони.


Причината лежи во фактот што моментално нема голема побарувачка за електрични возила во Европа. Исто така, на повидок е трговска војна меѓу ЕУ и Кина, што во никој случај не е идеална клима за развој на бизнисот.

Со овој потег се откажуваат двете планирани фабрики во Германија, за монтажа на модули и батерии во Сар и фабриката за производство на ќелии во Бранденбург.


Производството се планира да започне во 2025 година, а вредноста на инвестицијата само во Сар е две милијарди евра.

"SVOLT" е осмиот најголем производител на батерии во Кина и таму не му оди баш најдобро во моментов.

Компанијата вообичаено испорачува батерии за "Citroen e-C3", а како потенцијален партнер се споменуваше и "BMW".




Спонзорирани линкови

Маркетинг