Највредната работа на светот: Толку е скапа што и најбогатите луѓе не би можеле да си дозволат ниту грам

Точка

01/11/2024

20:02

911

Големина на фонт

а а а

Иако потенцијалот на антиматеријата е огромен, сè уште не сме во можност да ги создадеме нејзините посложени облици во лабораторија.

Затоа, не е зачудувачки фактот што грам од оваа недофатлива супстанција вреди околу 62,5 трилиони американски долари.

Кога говориме за највредните материи во светот, повеќето луѓе замислуваат дијаманти, растопено злато и ретки минерали. Но, бескрајно поскапа и многу егзотерична „работа“ се крие во тетратките на напредната физика – а тоа е антиматеријата.

Антиматеријата е супстанција составена од античестички. Во природата, секоја честичка има своја античестичка – кога ќе се судрат, тие се поништуваат една со друга, ослободувајќи електромагнетни бранови кои носат енергија.


Иако потенцијалот на антиматеријата е огромен, сè уште не сме во можност да ги создадеме нејзините посложени форми во лабораторија. Затоа и не треба да нè чуди што се проценува дека еден грам од оваа неостварлива супстанција вреди околу 62,5 трилиони американски долари.

Англискиот физичар Пол Дирак бил првиот кој пишувал за појавата на античестичките, кој во 1930-тите го направил револуционерното откритие на позитронот или антиелектронот – честичка со иста маса како електрон, но со спротивен полнеж. Следејќи ја неговата логика, антипротоните и антинеутроните биле идентификувани како антитеза на протоните и неутроните.


Енергијата која теоретски произлегува од уништувањето на материјата и антиматеријата ја засенува дури и нуклеарната експлозија, па научниците ја истражуваат таа област со голема претпазливост, но и со љубопитност.

Научните тестови, а особено експериментите одржани во „CERN“ во Швајцарија со создавањето на антиводородот уште во 1995 година, покажаа дека потенцијалот на антиматеријата не е само фантазија изведена од научно-фантастичните книги, серии и филмови. Истовремено, тие укажаа на важноста од обезбедување на нејзината стабилност, која бара прецизност и иновации на атомско ниво.


Ваквите експерименти се можни благодарение на супер судирачот – најголемиот светски забрзувач на честички сместен во кружен тунел долг 27 километри во близина на Женева, Швајцарија, кој троши огромни количества електрична енергија и други ресурси, па не е чудно што доаѓа со високи трошоци




Спонзорирани линкови

Маркетинг