Целта е корисниците само да ја внесат посакуваната задача, а вештачката интелигенција тоа ќе го прави автоматски.
Можностите на генеративната вештачка интелигенција сè повеќе ги олеснуваат секојдневните задачи како што се пребарување, пишување, сумирање, па дури и создавање реални фотографии и видеосодржини.
Веќе во декември се очекува "Google" да го претстави проектот "Jarvis", базиран на следната генерација на "Gemini", која би можела да преземе контрола врз одредени функции на нашите компјутери.
"Jarvis" ќе им овозможи на корисниците на "Chrome" да автоматизираат различни активности на интернет, како што се фотографирање слики од екранот, пополнување формулари, собирање податоци, па дури и купување авионски билети.
Целта е корисниците само да ја внесат посакуваната задача, а вештачката интелигенција тоа ќе го прави автоматски. За поважни трансакции, како што се купувања и резервации, се очекува корисниците дополнително да го проверат и потврдат процесот пред да заврши трансакцијата.