Истражувачите во Бразил го пронајдоа вториот најмал ’рбетник на светот. Станува збор за мала жаба, која е толку мала што може да стои на врвот од човековиот прст, и е помала од некои познати видови на мравки. Оваа жаба е откриена во атлантската прашума, а нејзината големина е само 6,95 мм.
Овој вид на жаба, наречен „Brachycephalus dacnis“, го откри тим на научници од бразилскиот државен универзитет во Кампинас.
Друг истражувачки тим претходно откри вид на жаба од истиот род во јужната држава Бахиа во Бразил. Станува збор за вид на жаба „B. Pulex“, која е долга само 6,45 mm.
Ова е всушност седмиот вид жаба од родот „Brachycephalus“. Нејзината минијатурна големина ѝ овозможува да се адаптира на уникатното окружување. Овие жаби се толку мали што и кога целосно ќе израснат значително се помали од човечкиот нокт или паричка од 50 центи.
„Постојат мали жаби со сите карактеристики на големите, освен нивната големина. Овој род е поразличен. За време на еволуцијата, жабата претрпе минијатуризација, која вклучува губење, намалување и/или фузија на коските, како и помалку прсти и отсуството на други делови од нивната анатомија“, вели професорот, Луис Фелипе Толедо.
Минијатурната жаба има жолто-кафеава кожа и живее помеѓу лисјата. И покрај нејзината големина, таа е сложено суштество кое има директен развој и ја прескокнува фазата на полноглавци и се раѓаат како целосно формирани минијатурни верзии на себе.