Името "Brabus" се поврзува со модифицираните автомобили на "Mercedes" со подобрена моќност и перформанси, изменета суспензија …
Но, овде зборуваме за нешто сосема друго. "Brabus Big Boy 1200" е кампер. Да, добро слушнавте – кампер.
Ни е "G" класа, ни "E" класа со над 1000 „коњи“. Ова е голем кампер базиран на камион долг 12 метри, кој е претворен во четири соби.
Дневната соба има кожен кауч, телевизор од 43 инчи и конзола "PlayStation 5".
Спалната соба содржи брачен кревет и уште еден "PS5" поврзан со 43-инчен телевизор, како и клима-уред и разни безжични полначи.
Кујната е целосно функционална, со ладилник за вино. Бањата е исто така луксузно уредена, а подот се загрева.
Во внатрешноста, деталите од карбонски влакна се неизбежни, како кај автомобилите на "Brabus" какви што ги знаеме.
Ова чудовиште тежи 22,5 тони и го придвижува дизел-мотор на Мерцедес со 530 коњски сили кој се напојува од резервоар за гориво од 321 литри.
"Brabus" не смени ништо во овој случај – нема зголемување на моќноста или нови амортизери.
За цените не се знае многу, се е по желба на купувачот.