Талибанскиот министер: Жените не смеат да се молат пред други жени

Макфакс

30/10/2024

18:47

342

Големина на фонт

а а а

На жените во Авганистан им е забрането да се молат или гласно да го рецитираат Куранот пред други жени, според талибанскиот министер во владата.

Ова е последното ограничување за жените таму бидејќи веќе постојат закони кои ги спречуваат да го кренат гласот и да го откриваат своето лице надвор од домот. Веќе по шесто одделение се исклучени од образованието, многу јавни простори и повеќето работни места. Никој од Министерството за порок и доблест не беше достапен да ги појасни забелешките на функционерот или да потврди дали и забраната ќе стане дел од законот за моралност.


За време на настан во источната провинција Логар во неделата, заменик-министерот Калид Ханафи рече: „Забрането е возрасна жена да рецитира стихови од Куранот пред друга возрасна жена. Дури и извикувањето на фразата „Алаху Акбар“ е не е дозволено“.


Тој потсети дека на жените не им е дозволено да изведуваат езан. Нема дозвола за пеење“, нагласи тој. Министерството ја сподели аудио снимката од неговиот говор на социјалните мрежи, но подоцна ја избриша, пишува „Асоушиејтед прес“.

Министерството соопшти дека во тек е национална програма за подигање на свеста за законите.

„Организирањето вакви програми ќе придонесе за обликување на јавната перцепција и зголемување на свеста за божествените одлуки“, додаваат тие.


Авганистанските провинции веќе им забрануваат на медиумите да прикажуваат фотографии од живи суштества, уште една контроверзна и нашироко критикувана карактеристика на законот за моралност.

Талибанците основаа министерство за „пропагирање на доблест и спречување на пороци“ по преземањето на власта во 2021 година. Оттогаш, министерството ги спроведува декретите издадени од раководството на Талибанците. Станува збор за прописи кои имаат непропорционално влијание врз жените и девојчињата, како што се кодекс на облекување, посебно образование и наоѓање машки старател при патување.



Спонзорирани линкови

Маркетинг