[ВИДЕО] Уличен музичар на тапани го свирел хитот на „Ред хот чили пеперс“: Ниту на сон не би погодил кој го слушал цело време

Точка

30/10/2024

18:07

4.843

Големина на фонт

а а а

На социјалните мрежи се шири видео објавено од тиктокер Џои Мекарти, а кое е снимено минатиот викенд на улиците на Лос Анџелес. На видеото се гледа како уличен музичар на тапани ја свири песната „Otherside“ хит бендот „Ред хот чили пеперс“.

Сепак, уличниот музичар немал поим дека цело време го слуша Чед Смит, тапанарот кој свири во „RHCP“ од 1988 година. Музичарот внимателно го слушаше и тактираше во ритамот на песната.


„Кој ќе му каже?“, пишува покрај видеото, кое собра повеќе од 30 милиони прегледи на ТикТок. А на младиот тапанар му објасниле за кого свири дури кога го завршил настапот и го запознал Смит.

За потсетување, песната „Otherside“ е трет сингл од албумот „Californication“ од 1999 година и беше голем хит кога излезе, а денес има повеќе од 800 милиони прегледи на YouTube.

Инаку, бендот од Лос Анџелес со повеќе од 120 милиони продадени плочи ширум светот е еден од најпродаваните бендови на сите времиња. Бендот го држи рекордот за најмногу синглови број еден (15), освои три Греми награди, беше примен во Рокенрол Куќата на славните во 2012 година и доби ѕвезда на Булеварот на славните во Холивуд во 2022 година.