Киану Ривс и неговата девојка Александра Грант привлекоа внимание во текот на нивното неодамнешното излегување. Фотографите ги снимиле додека биле на романтична прошетка низ улиците на Лондон, а потоа парот заминал на вечера во еден од популарните тамошни ресторани.
Актерот (60) и визуелната артистка (51) за време на излегувањето постојано се држеле за раце и не ја криеле вљубеноста. Тие им позираа на фотографите со насмевка, а актерот во еден момент дури и им мавна.
Киану и Александра првпат беа видени заедно во 2019 година на еден настан, кога новинарите ги забележаа како се држат за раце. Недолго потоа тие признаа дека се заедно, и оттогаш се неразделни, меѓутоа парот ретко се појавува во јавноста. Фотографите последен пат ги забележале во јули на мотоциклистичката трка, односно на трката за Големата награда на „MotoGP Liqui Moly Motorrad Grand Prix“ во Германија.
Киану со години ја носи титулата „најголем доброчинител на Холивуд“. Имено тој донира голем дел од својата заработка во добротворни цели, им помага на луѓето кои имаат потреба и е исклучително љубезен и трпелив со своите многубројни обожаватели.
Која е Александра?
Александра е артистка и филантроп од Лос Анџелес која организира изложби низ целиот свет. Таа е родена во Охајо, а по завршувањето на колеџот „Swarthmore“ во 1994 година се занимава со уметност. Живеела во Мексико, Шпанија и Франција, а нејзините дела биле изложени во „Los Angeles County Museum of Art (LACMA)“, париската галерија „Градиви“ и галеријата „The Harris Liberman“ во Њујорк.
Грант и Ривс ретко се појавуваат заедно на јавни настани, но кога ќе се случи тоа, со задоволство позираат на црвениот килим. Тие двајца се блиски со години, а соработувале во врска со книгата „Ода на среќата“ од 2011 година, која ја напиша Ривс, а која беше илустрирана од Грант.
Со текот на годините нивното пријателство се претворило во романса, но за својата љубов тие не сакаат јавно да зборуваат. Во една прилика Грант беше прашана како е да се биде во врска со некој толку популарен како Киану и дали е потешко да се чекори на црвениот тепих со или без него.
„Добрата работа во вљубувањето на возрасни години е тоа што веќе имате изградено сопствена кариера пред да ви започне врската. Таков беше случајот и со мене. Се чувствувам многу самоуверено во нашата врска, се чувствувам самоуверено на црвениот килим и со него и сама“, изјави Александра за списанието „People“, и додаде дека се голема мотивација еден за друг.