[ВИДЕО] Весна Петрушевска ја соголи душата и испрати моќна порака: „Ќерка ми Мина добиваше порнографски слики во своето сандаче...“

Точка

01/10/2026

14:45

416

Големина на фонт

а а а

Весна Петрушевска си го отвори срцето во најновото издание на серијалот на Телеком „На клупа со...“, зборувајќи за искуствата од школските денови кои оставаат трага и често продолжуваат да влијаат врз нас и многу години подоцна.

Во искрен разговор, Весна се осврна на теми кои се особено важни кога станува збор за детството и периодот на растење, но и на начинот на кој однесувањето на околината може да остави длабока трага врз едно дете. Низ сопственото искуство, но и преку искуството на нејзината ќерка, таа говореше за моменти во кои молкот на оние што гледаат може да биде еднакво значаен како и постапките на оние што повредуваат.

Токму затоа, Весна испрати едноставна, но моќна порака – дека одговорноста не е само кај оној што прави нешто погрешно, туку и кај оние кои го гледаат тоа и одлучуваат да не реагираат.


„Кога гледаме, а молчиме, стануваме дел од публиката. Бидејќи публиката ѝ дава простор на омразата“, порача Петрушевска.

Нејзините зборови отвораат и поширока тема за тоа колку е важно да не бидеме само неми набљудувачи, особено кога станува збор за деца и млади кои се соочуваат со навреди, исмевање или исклучување од средината.

Преку личниот пример, Весна потсетува дека искуствата од најраните години можат да останат длабоко врежани во човекот, но и дека секој од нас има можност да направи разлика – со збор, поддршка или едноставно со тоа што нема да остане нем набљудувач.

Серијалот „На клупа со...“ на Телеком отвора токму вакви лични и искрени разговори, потсетувајќи на приказни, чувства и искуства од училишните денови кои неретко се многу посилни од она што сме подготвени да го признаеме.


Исповедта на Весна Петрушевскa:

„Секогаш седев во прва купа, затоа што имав проблем со видот.

Бев предмет на потсмев заради моето криво око, криво. Јас многу често разговарав со моите деца што ги учев.

Мене ми кажуваа за насилства кои што доживуваат, а не ги кажуваа дома.

Често им го поставував тоа прашање. Зашто? Па, велат тие се зафатени, немаат многу време, не се многу заинтересирани.

Ја научив Мина да ми кажува сè што ѝ прават на училиште.

Од удирање на главата од ѕид, до виткање на рака. А да не зборувам за насилството преку социјалните мрежи.

Не само пораки со вознемирувачки содржини, но и праќање на порнографски слики.

Значи, вие замислите, вие на 13-14 години да примите такви фотографии во своето сандаче.


И не беше заштитена Мина никако од јавноста, од самиот старт.

Сите бараа сензација, мене не им беше за сензација.

Ќе одберат едно дете кое што е повлечено и тогаш тоа што е најдобриот плен за насилниците. Тоа го прават само за публика и никако поинаку.

Инаку, зашто би го правеле ако не ги гледа никој?

А сè доаѓа од дома.

Но, има систем како да се одбраните. Просто - знаете кои сте. Ниту еден негативен коментар не може да ви погоди.

Кога ќе престане сонот, престанува и детството“.