Жртвата на шведскиот Фрицл: Ме дрогираше и ме киднапираше! По неговата морничава реченица мислев дека е готово …

Точка

30/10/2024

12:19

1.621

Големина на фонт

а а а

Поради сличностите меѓу злосторствата, Мартин Тренеборг е наречен „Скандинавскиот Јозеф Фрицл“. Јозеф Фрицл е озлогласен силувач од Австрија кој ја чувал својата ќерка Елизабета во подрумот цели 24 години.

Ме праша дали имам желби и предлози бидејќи ќе живеам тука уште многу години, изјавила Швеѓанката под псевдонимот Изабел Ериксон во 2015 година. Потоа била киднапирана од докторот Мартин Тренеборг и затворена во неговиот бункер каде што ја чувал како сексуална робинка. За тие шест пеколни денови е снимена шведската минисерија „The Bunker“, која моментално се прикажува на платформата „Viaplay“.

Во новиот документарен филм, Изабел открива како во тоа време работела како ескорт дама. Својот киднапер го запознала како клиент. Тренеборг ја ангажирал за 2.402 евра и ја поканил во автомобилот. Тој и понудил јагоди во кои ставил Рохипнол. Откако ги изела јагодите, Тренеборг ја возел 563 километри надвор од Стокхолм до фарма каде што изградил бункер.


Бункерот е изграден во 2010 година, има 60 м2 и дебелина на ѕидови од 32 см. Неговата намера била да ја користи како сексуална робинка и да има односи со неа два до три пати на ден.

„Се разбудив со браунила во рака во непозната просторија. До мене седеше непознат маж кој постојано зјапаше во мене – изјавила Ериксон во документарецот. Потоа следело прашање поради кое крвта во вените и замрзнала и по што мислела дека е готова и дека никогаш повеќе нема да го види светлото на денот.

„Дали имате некакви желби, дали сакате да го проширам бункерот бидејќи во него ќе поминете многу години“, ја прашал Тренеборг својата жртва.


На судењето во 2016 година, Изабел рекла дека д-р Тренеборг планира да ја чува како сексуална робинка и да готви и пере за него. Откако ја изаробил, Тренеборг ѝ зел крв и вагинален примерок за да ја тестира за сексуално преносливи болести.

„Доаѓаше во бункерот во околу седум и триесет наутро и потоа ме вадеше во градината што сам ја направи. Потоа одеше на работа и се враќаше околу шест во попладневните часови“ изјавила Изабел во судот во 2016 година.

Изабел имала среќа што веста за нејзиното исчезнување брзо се проширила. Кога Мартин Тренеборг ја видел веста за исчезнувањето, испаничил и ја однел Изабел во полициска станица. Пред тоа и дал лажна приказна да им ја каже на полицајците за да не ја сметаат како исчезнато лице.


Полицијата набрзо сфатила дека нешто не е во ред и на распитот Изабел признала се. Тренеборг (47) бил обвинет за силување, но тоа обвинение е отфрлено поради недостиг на докази. На крајот докторот бил осуден на осум години затвор за киднапирање.

Поради сличностите меѓу злосторствата, Мартин Тренеборг е наречен „Скандинавскиот Јозеф Фрицл“. Јозеф Фрицл е озлогласен силувач од Австрија кој 24 години ја чувал својата ќерка Елизабета во подрум. За тоа време н неговата ќерка родила три деца. Тој беше уапсен во 2008 година.




Спонзорирани линкови

Маркетинг