[ВИДЕО] Маж не сакал да пие кафе и тоа го спасило од сигурна смрт! Дедо загина при уривање на хотелот Дубровник! Преживеаните открија страшни детали

Точка

30/10/2024

15:06

2.316

Големина на фонт

а а а

Грасиела рекла дека прво слушнала татнеж и дека прво помислила дека некој се обидува да ја скрши вратата.

Маж (84) загина при уривање на хотелот Дубровник во Аргентина, а спасувачите се уште трагаат по семејството Стефаниќ, кои биле во зградата кога се урнала. Како исчезнати се водат Марија Роса Стефаниќ, поранешната сопственичка на хотелот и нејзиниот внук Нахуел Стефаниќ (25) и уште неколку лица.


Уривањето на хотелот Дубровник се случи во вторникот наутро, во моментот кога внатре биле занаетчиите кои работеле на реновирање на дел од зградата. Централната 10-катница почнала да се урива и паднала врз соседната зграда. Најмалку пет лица се затрупани во урнатините, а спасувачите го извлекле телото на маж (84) од друга зграда и ја спасиле неговата сопруга (79), која не се здобила со сериозни повреди.


Еден брачен пар за влакно ја избегна смртта. Рубен и Грасиела биле во нивниот стан кога наеднаш нешто се „срушило“ и затрупало. Не знаејќи што се случило, Рубен постојано и повторувал на сопругата „Живи сме, живи сме!“.

Во нивниот стан уништена е кујната и неколку соби. Сè е покриено со шут и прашина. Кога се урна хотелот, двокатната зграда во непосредна близина на хотелот, каде Грасиела и Рубен престојуваа со месеци, се преполови. Тие дојдоа од Шпанија во Аргентина за да посетат едно од нивните три деца.

Рубен вели дека само една работа ја спасила неговата сопруга од сигурна смрт.

„Една минута пред да ме праша дали сакам кафе, а јас реков не. Ако сакав кафе, таа ќе влезеше во кујната и тоа ќе беше крајот. Сега немаше да разговараме“, изјави Рубен.


Грасиела рекла дека прво слушнала татнеж и дека прво помислила дека некој се обидува да ја скрши вратата.

„Мислев дека некој сака да не ограби, или некој сосед, а потоа одекна експлозија“, се сеќава Грасиела.

После тоа се останало во магла, а биле покриени со прашина и парчиња шут. Кога се освестиле, длабоко вдишиле и сфатиле дека се живи. Нивниот син, кој има ресторан на само 200 метри, веднаш истрчал да ги бара. Го слушнале како вреска во близина на урнатините. По извесно време пожарникарите успеале да ги извлечат од урнатините.


Луѓето кои живеат во околината велат дека знаат дека хотелот се реновира затоа што од утро до вечер слушале тропање и дупчење. Наводно, сопствениците на хотелот имале дозвола за реновирање на фасадата и некои други делови, но дека немале дозвола за поголеми работи кои, како што се сомневаат, се вршеле во хотелот.

Сè уште не е позната причината за уривањето на хотелот кој го изградил брачна двојка од Хрватска во 1986 година кога се доселиле во Аргентина.




Спонзорирани линкови

Маркетинг