Бројот на жртвите од поплавите во Валенсија се зголеми на 63, порои измешани со кал се тркалаат по улиците со застрашувачки брзини

Макфакс

30/10/2024

13:45

387

Големина на фонт

а а а

Бројот на жртвите од поплавите во источниот шпански регион Валенсија се искачи на најмалку 63 лица, соопштија денеска локалните власти.

Службите за вонредни состојби во Валенсија, каде што поплавите ги претворија селските улици во реки и го прекинаа железничкиот и патниот сообраќај во најголемата природна катастрофа во земјата во последно време, го потврдија бројот на жртвите, објави АП.

Невремето вчера предизвика поплави во поголемиот дел од јужна и источна Шпанија, со порои измешани со кал, кои се тркалаат по улиците со застрашувачки брзини.

Полицијата и итните служби користеа хеликоптери за да ги спасат луѓето од своите домови и автомобили.



Спонзорирани линкови

Маркетинг