Група крадци во Австралија неодамна била многу ефикасна – за само 15 часа украле 45 автомобили.
Оваа голема кражба се случила во Мелбурн, а биле украдени автомобили со вкупна вредност од околу два милиони австралиски долари (околу 1,2 милиони евра).
Четири лица – двајца мажи и две жени, упаднале во приватен имот и ги исклучиле сите безбедносни системи. Меѓу украдените возила има дури 20 примероци од моделот „Honda Civic Type R“, како и „Škoda“, „VW Golfs“, „Mercedes“ итн.
Досега е уапсена една жена (32), а полицијата ја фатила додека управувала со еден од украдените автомобили, недалеку од местото на злосторството.
Не е ни познато како крадците успеале да ги стартуваат возилата. Вкупно се пронајдени 21 од 45-те украдени автомобили, а потрагата по останатите од оваа банда крадци е во тек.